Тито Петковски ги враќа пратениците во Собрание - НСДП ниту потврдува ниту демантира

 

Вистински молк владее во НСДП по информацијата дека пукнала калицијата со СДСМ и дека нивните пратеници се врааќаат во Собранието. Ниту пратеникот Горан Мисовски нитупретседателот на партијата Тито Петковски утрово не се јавуваат на своите телефони за да ги потврдат или демантираат информациите на Press24.
Вчера партиски извори брифираа дека односите меѓу коалиционите партнери се крајно заладени и дека Петковски е на чекор да ги врати своите пратеници во законодавниот дом.
Дека во коалицијата нешто не функционира покажува и податокот дека советничката на НСДП во општиан Центар, на која се држи цело мнозинство на коалицијата на СДСМ воопшто не доаѓа на седниците па Жерновски и неговите советници не можат да протуркаат ниту една одлука преку општинскиот совет.
НСДП во овој мандат располага со 3 пратеници во македонскиот законодавен дом кои заедно со уште 28 опозициски пратеници, официјално се уште се во оставка. Доколку се вратат во Собранието, заедно со Грчева, Буралиева и Каревска ќе имаат законска можност да формираат пратеничка група и да присуствуваат на редовните координиации кај спикерот Трајко Вељаноски.

10.10.2014 - 11:41


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега