Вујовиќ пред Металург: Моите играчи имаат м***ња како црквени ѕвона
На многу интересен начин тренерот на ППД Загреб го најави мечот од третото коло од Лигата на шампионите против Металург.
Во сабота во „Арена Загреб“ со почеток во 18:00 часот ППД Загреб го пречекува македонскиот ракометен шампион Металург во рамките од 3.коло од Лигата на шампионите.
-Ова за нас е многу важен меч и доаѓа во многу незгоден момент. Погледнете го времето, не е ниту топло, ниту ладно. Неколку играчи се болни. Имаме двајца повредени. Ситуацијата не е на ниво, но не сме единствено со такви проблеми, вели Веселин Вујовиќ.
10.10.2014 - 11:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа