"Му се тресеа рацете но не сакаше да оди на лекар" - исповед на пријателот на Британецот кој почина

 

Британскиот бизнисмен Инглиш, пријателот на Британецот кој почина со слични симптоми на ебола, за Телеграф.мк, раскажува што се случува во хотелот и што се случило со неговиот пријател. 

Инглиш раскажува дека со својот пријател, веќе починатиот Колин Џефри, дошле во Македонија за бизнис. Вели дека два дена неговиот пријател не се чуствувал добро.

- Не му беше добро. Имаше температура но не сакаше да оди на лекар. Се договоривме да се чекаме во хотелот во 12 часот, но ми јави дека има треска. Беше целиот збунет и му се тресеа рацете, раскажува пријателот.

Инглиш вли дека Џефри живее во Кембриџ, има сопруга и три деца. Вели дека е лудо да се помисли дека бил болен од ебола зашто во Африка бил пред шест години, и демантира дека бил алкохоличар.

- Пиеше алкохол, но не повеќе од другите, вели тој.

На гостите во хотелот утрово им кажале дека е можно уште два дена да останат во карантин. Инглиш вели дека е фрустриран бидејќи утрово требало да патува за Велика Британија.

Исто така, Британецот додава и дека постојано се на компјутер и контактираат со семејствата и пријателите. Вели дека сакаат да излезат побрзо и да видат што се случува.

10.10.2014 - 12:10
Фото: 
телеграф.мк


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега