ОТКРИВАМЕ: Како пукна коалицијата меѓу СДСМ и НСДП

 

Половина милион евра е длабок јазот меѓу најголмите партии во македонскиот опозициски блок. Високи партиски извори за Сител брифираат дека најавата за враќање на десетина опозициски пратеници во законодавниот дом е последица на договорот меѓу Петковски, Жерновски и двоецот Заев - Шеќеринска за постепена преселба на НСДП на Бихаќка. Изворите на Сител велат деке веќе подолг период, се разработува план за претопување на НСДП во редовите на СДСМ што Заев треба да го искористи како маркетинг за својата партија во обид да ја продаде приказната дека опозицијата се окрупнува. За таа цел, Тито Петковски побарал од Заев, нему блиска фирма да го добие тендерот за Боемската улициа во Скопје тежок половина милион евра со цел да ги омекне своите сопартијци кои не сакаат ниту да чујат за претопување во СДСМ.

Така во игра влегува компаниајта Изградба Комерц, сопственот на Јован Илијоски, билзок човек на пратеничката на НСДП Соња Мираковска. Ова предизвикало револт кај останатите двајца пратеници на Петковски, Горан Мисовски и Љупчо Јосифовски кои заедно со поголем дел од партиското членство јасно му ставиле до знаење на Петковски дека не се согласуваат со неговите политики и дека не планираат претопување во СДСМ.

На 20 септември, Петковски свикува Централен одбор каде доаѓа до дополнителни компликации кои резултираат со бојкот на совенитчката Марија Бошковска во Советот на општина Центар со што практично Заев останува без мнозинство во оваа локална самоуправа.

Зад нејзината одлука, според изворите на Сител стои Горан Мисовски кој целосно ја контролирал НСДП и кој најавил, дека ќе ги врати пратениците на НСДП во Собранието. 

Ваквиот развој на настаните поминал бурно и на Бихаќка. Кога поширокото раководство на СДСМ дознало дека се готви столче за Тито Пековски во партиските органи жестоко протестирало, а неколку пратеници најавиле дека ќе му се придружат на Мисовски и ќе се вратат во Собранието. 

Социјлдемократите, според нашите извори не можат да поминат преку коалицијата на Петковски со Груевски во 2006 која ги седна пратениците на СДСМ на опозициската страна во Собранието. Дел од нив за сител велат дека СДСМ никако не може да ја научи лекцијата и наместо програма, проекти и внатрепартиски реформи, се обидува да го мобилира членството со истрошени транзициски политичари како Тито Петковски.

11.10.2014 - 22:04


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега