Конгрес на ДПА: Тачи или Села?
ДПА денес го одржува својот 6-ти конгрес. Пред делегатите, денес во фокусот ќе бидат две теми: напорите на Мендух Тачи да се одржи на лидерската позиција, и барањата на струшкиот градоначалник Зијадин Села за внатрешно-партиски реформи. Според досегашната практика, откако Тачи ја предводи ДПА, на конгресите, но и по секои изборени порази, редовно била менувана целата раководна структура на партијата, а промени се правеа и во партиските органи. Неизвесно е дали на шестиот конгрес лидерот Мендух Тачи ќе се реши за големи потреси во раководството на партијата или енергијата ќе ја насочи кон единство меѓу сопартијците, поради турбуленциите меѓу членството предизвикани од струшкиот градоначалник Зијадин Села. Мотото на овој конгрес е „Одиме напред", но, Села го нарече овој највисок партиски собир на ДПА „приватна забава на Тачи и на Орхан Ибраими", а себе се означи како предводник на „Движењето за внатрешни реформи во ДПА".
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа