Детали: Сопругот ја пронашол мртва во река 21 годишната тетовчанка

Мртва 21 годишна девојка утрово е пронајдена во тетовското село Сараќино. Од МВР потврдуваар дека утрово околу 10:30 нејзиниото тело било забележано во водите на Вардар во селото Сараќино. Според првичните и се уште неофицијални информации, телото на девојката го забележал нејзиниот сопруг.

Нашите извори велат дека девојката живеела во истото село, но не го соопштуваат нејзиниот идентитет. Како што веќе објавивме, таа вчера вечерта била пријавена за исчезната.

Полицијата истражува, како настапила смртта.

13.10.2014 - 12:44


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега