Пукање во Липково

СВР Куманово до Основното јавно обвинителство- Куманово поднесе кривична пријава против 54-годишниот Ќ.А. од село Липково поради основано сомнение дека сторил две кривични дела и тоа „убиство во обид“ и „недозволено држење оружје или распрскувачки материи“.

Во текот на вчерашниот ден во 10 часот и 30 минути пред семејна куќа во село Липково поради изведување градежни работи дошло до вербална расправија помеѓу пријавениот и 30-годишниот С.М. од истото село при што оштетениот му упатил нразни навредувачки и заканувачки зборови. Ќ.А. влегол во куќата, го зел пиштолот кој неовластено го поседувал, излегол на улицата при што настанала повторна расправија во која Ќ.А.  физички го нападнал С.М. удирајќи го со клоци и тупаници во пределот телото и главата, при што настанала тепачка во која се вмешало и друго лице. Пријавениот со кундак од пиштолот го удрил С.М. во пределот на главата, упатувајќи се кон својата куќа, но бидејќи оштетениот тргнал кон него, пријавениот испукал еден куршум во правец на оштетенот нанесувајќи му влезна рана во предел на горниот дел од стомакот.

13.10.2014 - 13:02


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега