Драма во делчевско: Планинар спасен од сигурна смрт

Од Планинарскто друштво „ПОП“ од Делчево, вчера побарале помош за да се спаси планинар, кој имал доживеано срцев удар, а се наоѓал на тешко пристапен планински терен. Службеници од граничната полиција веднаш дошле на планината „Средна“, место викано „Орлов чукар“ атар на с.Разловци – делчевско каде му укажале прва помош на несреќниот планинар, а потоа со службеното возило бил превезен до с. Разловци, каде што веќе било пристигнато возило за Итна медицинска помош од Здравствениот дом во Делчево. Потоа планинарот е пренесен до Клиничкиот центар во Скопје.

Кај 57-годишниот планинар од Неготино е констатиран ,,Акутен миокарден инфаркт” и токму навременатата реакција го спасила неговиот живот.

13.10.2014 - 14:09


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега