Зголемени цените на индустриските производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во септември годинава се повисоки за 0,2 отсто на месечно, а пониски за 1,3 проценти на годишно ниво. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со август 2014, продажните цени се повисоки во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 отсто и Енергија за 0,2, додека во групата Интермедијарни производи, освен енергија и во групата Трајни производи за широка потрошувачка, се останати на исто ниво. 

Во споредба со септември 2013 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Капитални производи за 5,2 отсто, во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2 и во групата Енергија за 1,4 отсто.

13.10.2014 - 14:51


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега