Пензионерите од Бутел 1 од утре ќе имаат свое катче

Во населбата Бутел 1, утре свечено ќе биде отворен новиот пензионерски клуб „Св. Климент Охридски“.

На отворањето на пензионерскиот клуб присутни ќе бидат градоначалникот Петре Латиновски, претседателот на  Здружение на пензионери на Република Македонија Драги Аргировски, како и бројни пензионери од населбата Бутел 1.

Новиот пензионерски клуб има три простории- сала за состаноци и за женскиот пензионерски хор, просторија за средби и дружење, за играње на карти, шах, табла, и една канцеларија,  со вкупна површина од 50 метри квадратни.  

14.10.2014 - 11:17


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега