Насилници му приредиле хорор на радовишанец

СВР Штип поднесе кривична пријава против 28-годишниот И.О. 20-годишниот С.И. и 21-годишниот И.И. од Штип кои на 06. месецов по претходен меѓусебен договор го повикале 28-годишниот С.М. од радовишко заедно со неговиот другар А.И. да дојдат во Штип на месноста викана „Исар“. Откако пристигнале на таму биле пречекани од насилниците кои со употреба на физичка сила извршиле разбојништво над С.М. и му одзеле два мобилни телефони и паричник во кој имало 24.000 денари и 10 евра, притоа нанесувајќи му тешки телесни повреди.

Од страна на судија во претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

14.10.2014 - 11:42


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа