Сириец сакал да ги измами македонските цариници

Сирискиот државјанин Х.Ш.(33) си заработи кривична за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Во текот на вчерашниот ден при пасошка контрола на Граничниот премин „Табановце“, приложил на увид португалска биометриска лична карта на Р.Б., а од преземени мерки е утврдено дека личната карта била фалсификувана. Од извршен разговор со пријавениот е дознаено дека претходно во Атина од непознато лице по потекло од Иран ја купил за 100 евра.

14.10.2014 - 12:13


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа