Еве каков хорор преживеале малолетничките во Шутка

Вистински хорор преживувале трите малолетнички  на возраст од 14 до 16 години кои биле терани на проституција од двајца браќа макроа од Скопје. Девојчињата од јуни до октомври против нивната волја биле чувани заклучени во куќа во Шуто Оризари која била во сопственост на вујкото на двајцата браќа А.Р.(18) и А.Р.(21). Браќата токму во таа куќа им носеле клиенти за сексуални услуги на малолетничките, за што наплатувале од 300 до 2.000 денари.

Девојчињата во придружба на макроата се носеле во хотели и мотели каде во една ноќ давале сексуални услуги на повеќе клиенти, по што се враќале во куќата во Шутка, каде повторно биле затворани.

Спас од суровите неколку месеци бил пронајден откако пред четири дена две од девојчињата успеале да побегнат од куќата и да пријават во полиција. Токму тогаш припадниците на полициската единица „Алфа“ влегле во куќата каде го пронашле третото девојче, а пронајдени и уапсени биле и двајцата браќа.

14.10.2014 - 13:26


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа