Албанците и Србите се судирја и во Виена

По прекинот на фудбалскиот натпревар во Белград меѓу репрезентациите на Албанија и Србија, група Албанци се собрале во еден од виенските окрузи во кој се наоѓаат повеќе угостителски локали во сопственост на Срби. Албанците со шишиња и пиротехнички средства демолирале еден од локалите.

По прекинот на натпреварот, синоќа во Виена дошло до инцидент меѓу навивачите на двете селекции, а австриската полиција спречила поголеми нереди.

Откако група Албанци почнала да демолира еден од објектите, полицијата успеала да ги разбие и да ги растера, но потоа дошло до собирање на 200 Срби кои се обиделе да се судрат со Албанците.

Во акцијата за спречување за поголеми инциденти, учествувале и полициски специјални единици.

15.10.2014 - 10:48


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега