Aмбасадата на САД во Белград изрази жалење поради хулиганството на мечот Србија-Албанија
Амбасада на САД во Србија денеска изрази жалење поради насилството и хулиганството на синоќешниот натпревар Србија-Албанија во Белград.
- Жално е што уште еден спортски настан, стана место за манифестирање на национализмот изразен преку насилство. Спортските натпревари и слични настани не се место за хулиганство, се истакнува во соопштението на Амбасадата на САД.
Во врска со информации дека при инцидентите е уапсен и Орфи (Олси) Рама, брат на премиерот на Албанија Еди Рама, кој има и американско државјанство, Амбасадата на САД нагласува дека тоа нема никава врска со синоќешните настаани на фудбалскиот натпревар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа