Полицаецот пронајден со прострелна рана во главата

Педесет годишниот полициски инспектор кој денес околу 12 часот беше пронајден мртов во полициската станица во Пробиштип, имал прострелна рана во пределот на главата.

Неговото безживотно тело било пронајдено во просториите на полициската станица, а неофицијално инспекторот по криминална техника сам си го одзел животот.

Увидот се уште е во тек, а по неговото завршување ќе бидат познати повеќе детали.

 

15.10.2014 - 16:28


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа