Пензионер претепан до смрт– го удрил со мотика несудениот зет

74-годишен пензионер од село во близина на Лесковац вчера вечерта со мотика бил нападнат и претепан до смрт. Напаѓачот е приведен во полиција, а според неофицијални информации станува збор за момче што живее во вонбрачна заедница со неговата ќерка.

Од полицијата изјавиле дека двајцата мажи започнале расправија во која помладиот зел мотика и му нанел тешки повреди на пензионерот, кои биле кобни за него.

- Пензионерот им подлегнал на повредите доцна синоќа во Ургентниот центар во Лековац, а напаѓачот го приведовме – станува збор за лице родено во 1962 година, истакнале од полициската станица во Лековац.

16.10.2014 - 09:35


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега