Трагедија: Почина познат македонски кошаркар на само 22 години!

Голема болка и неизмерна тага предизвика веста дека поранешниот кадетски и младински кошаркарски репрезентативец на Македонија, Александар Којчевски, почина на 22 годишна возраст. Како што јавува ЕКИПА, Александар Којчевски во текот на кошаркарската кариера настапуваше за неколку клубови во нашата земја меѓу кои Јуниор, Ангели и Торус, како и за универзитетски кошаркарски клубови во САД. Како перспективен млад кошаркар беше член на кадетската и младинската репрезентација на Македонија. Активно играше кошарка до пред две сезони. Веста за прераната смрт на Којчевски предизвика голема тага и силна болка кај сите нас. Загубата е ненадоместлива.

Погребот ќе се одржи денеска на гробиштата Драчево со почеток во 12:00 часот.

16.10.2014 - 09:41


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа