Секој ден по 14 Македонки легално прават абортус

 

5000 легални абортуси годишно, 890 барања за инвитро само во 2012 година, анализира Здравство24. Фрапантни бројки кои отсликуваат колку брачни парови не можат да имаат потомство. На расправата за абортус во Собрание,  пратеничката од ДУИ Јулијана Марку, потсети дека абортусот пред првото породување ги уништува репродуктивните органи.

-Сме имале случаи кога млади абортирале, а сега веќе не може да имаат дете. Тие луѓе сега доаѓаат во Фондот за да аплицираат за вештачко оплодување. Чии солзи се поболни, на жената која бара да и се прекине бременоста или солзите на онаа што моли да добие дете, подвлече Марку, која го подржува законот затоа што, како што вели, тој е во правец на заштита на женското здравје. Според Марку, со овој закон се уредува прашањето за прекинот на бременоста, а абортусот ќе се врши само во болнички услови.

најчитано сега