Го гореле со цигари и електрошокови - еве каков хорор преживеал киднапираниот скопјанец

СВР Скопје-Единицата за насилен криминал, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против  А.А. (22), Н.Љ. (23) и Ж.Љ. (26)  сите од Скопје, кои минатиот викенд, поточно на 12 овој месец сториле кривично дело - “противправно лишување од слобода“.

Кривичното дело пријавените А.А. и браќата Н.Љ. и Ж.Љ. го извршиле во вечерните часови на 12.10. противправно лишувајќи го од слобода лице од Скопје и држејќи го 13 часови во стан во центарот на градот, при што свирепо физички и психички го малтретирале поради пари. Тој им понудил да им издаде стан под закуп во ценарот на градот, кој стан не бил  негова сопственост, туку му бил даден за одржување од страна на негова пријателка. Насилниците сметале дека се измамени од оштетениот и телефонски го повикале да дојде во станот за да се договорат околу закупот на станот и да ги потпишат документите во врска со истото.

Кога оштетениот пристигнал во станот веднаш бил физички нападнат од А.А., по што бил врзан и 13 часа пријавените го држеле затворен во станот  и при тоа за цело време на свиреп начин физички го малтретирале, нанесувајќи му повеќе телесни повреди по телото, изгореници со цигари, го терале да пие вода во која растварале некоја прашкаста материја и му задавале електро шокови со батериска направа. За цело време додека траело изживувањето тие го снимале со мобилни телефони, барајќи од него да признае дека ги измамил и да не го пријавува случјот во полиција, туку да каже дека го тепале непознати лица. По тринаесетчасовното свирепо малтретирање, пријавените му ја истрижиле косата на главата и со возило го однеле и го оставиле на улица во ценарот на градот од каде оштетениот успел со такси возило да стигне до ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан за понатамошно лекување.

16.10.2014 - 15:23


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа