Пукање во Тетово

Непознато лице денеска околу 12 часот и 30 минути испукал во воздух два куршума од гасен пиштол на фудбалското игралиште во кругот на Медицинското училиште во Тетово, по што избегало.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски истакна дека по пријавувањето на случајот биле испратени служби од СВР Тетово каде се пронајдени две празни чаури кои се земени за вештачење.

- Местото е соодветно обезбедено и се преземаат мерки и активности за идентификување и пронаоѓање на нарушителот на јавниот ред и мир и утврдување на сите поединости, изјави Јосифовски.

16.10.2014 - 15:45


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа