ФОТО: Картата на Голема Црна Гора стана хит на Интернет

Во последно време Балканот беше зафатен од различни идеологии, кои ги разбудија духовите од минатото и ја прекроија картата на Европа, па така на социјалните мрежи се појави и шеговите карта на „Голема Црна Гора“, јави Радио телевизија Црна Гора.

На картата во границите на Голема Црна Гора се и Голема Албанија и Голема Србија. Во границите на Голема Црна Гора има и делови од Србија без Војводина, од Косово, Македонија и Бугарија, а во неа влегуваат и Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и делови од Унгарија, Австрија, па дури и делови од Франција и Италија.   

Картата предизвика многу шеговите коментари. Во еден од коментарите се бара морската линија Бар-Бари меѓу Црна Гора и Италија да стане внатрешна линија, а друг прашува зошто Швајцарија останала надвор од границите на Голема Црна Гора. 

16.10.2014 - 18:52


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега