Крадците не запираат - ограбено училиште во Крушево

Крадците дефинитивно не мируваат. Шеснаесет лаптоп компјутери се украдени од  Основното училиште „Никола Карев“ во крушевското село Алдинци.

Како што соопштуваат од полицијата, засега непознатиот крадец со употреба на физичка сила влегол во училиштето, ги одзел компјутерите и избегал од местото на настанот.

Полицијата работи на случајот.

17.10.2014 - 12:44


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа