Изминатата седмица санкционирани се 987 учесници во сообраќајот во Скопје

Вкупно 987 учесници во сообраќајот се санкционирани изминатата недела во Скопје, за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.

Сообраќајната полиција кај 39 возачи утврдила дека управувале возила под дејство на алкохол, кај 68 лицa дека управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, а без возачка дозвола управувале 55 возачи.

Во соопштението од МВР се наведува дека кај 24 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, 39 возачи  управувале возила со над дозволената брзина, а 18 возачи  управувале возило со над 90 километри на час во населено место. - Изречени се 65 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 64 прекршоци за зборување на мобилен телефон, 32 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 370 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, за недавање на првенство на минување на пешаци изречени се 4 прекршоци,  за непрописно престројување изречени се 34 прекршоци, за прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 7  прекршоци, за непрописно престигнување изречени се 4 прекршоци, за недавање првенство на минување изречен е еден прекршок, а кај 5 возила е утврдена техничка неисправност  и со пајак возило подигнати се вкупно 382 возила, се наведува во соопштението.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди

19.10.2014 - 11:31


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа