Телото на 3- годишното дете од прилепско е предадено на семејството за погреб

Телото на 3.годишното дете, кое вчера го загуби животот во трагичната несреќа, е предадено на семејството за погреб.

Оваа трагедија која ја потресе Македонија, се случи вчера околу 11:30 часот во прилепското село Секирци.

Тригодишното детенце си играло во дворот од семејната куќа, но се доближило до приклучна земјоделска машина-прскалка, која паднала врз него и го поттиснала.

По наредба на ЈО, телото на починатото дете е предадено на семејството за погреб, информираат од МВР.

19.10.2014 - 11:52


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа