Пред судница му се заканувал на полицаец - скопјанец заработи кривична пријава

Скопската полициска станица  поднесе кривична пријава против 24-годишнот С.С. од село Арнакија, за сторено кривично дело „незаконито влијание врз сведоци“.

На 13 октомври  во Основниот суд Скопје 1, поточно пред судница пријавениот му се заканувал по живот и се обидел физички да се пресмета со полициски службеник, кој бил присутен во својство на сведок за кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на служба“, а за кое кривично дело бил пријавен пријател на С.С.. Од страна на судија во претходна постапка на пријавениот му е одземена патната исправа и му е наредено задолжително еднаш во неделата да се пријавува во надлежен суд.

 

19.10.2014 - 11:55


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа