Прилепчанец продавал дрва без документи

Полициската станица Прилеп поднесе кривична пријава против 43-годишниот П.Н.  од Прилеп за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“. Пријавениот, е управител на ДТПТУ „Рипил“ ДООЕЛ-Прилеп, од неговото складиште за продажба на дрва во неработен ден (државен празник) му продал огревно дрво на И.А. без притоа да му издаде соодветен документ.

По ова, извршена е контрола при што е пронајдена испратница, за која постои сомнение дека ја изготвил еден ден пред да му ги продаде дрвата на И.А.

19.10.2014 - 12:08


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа