Очевидци раскажуваат за страшната сообраќајка во скопски Аеродром

Тројцата патници во возилото „ауди“, две момчиња и една девојка се здобиле со полесни телесни повреди. Сепак, остатоците на местото на настанот и состојбата во која се наоѓаше возилото говореа дека патниците поминале со тешки повреди, пишува Телеграф.мк.

Единствено девојката имала поголема расеченица, поради која дошло до обилно крварење и биле префрлена на медицинска нега со возило на брзата помош.

Први на помош притрчале случајните минувачи, кои се нашле во близина и помогнале да ја извадат девојката која била заглавена на совозачкото седиште. Автомобилот долго време бил и во вертикална позиција, забиен во бандерата.

Од МВР допрва ќе ги испитуваат причините за несреќата. Неофицијално, според очевидци, до несреќата дошло откако две возила се движеле со исклучително голема брзина во правец кон Железничката станица, при што едното изгубило контрола и се превртело, забивајќи се во бандерата.

19.10.2014 - 13:21


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа