Етнички тензии: Запалена џамија

Подметнувањето пожар во џамијата во Суботица е снимено од безбедносните камери и снимките, на кои се гледаат двајца сторители, ќе и бидат предадени на полицијата, изјави градоначаникот на Суботица, Јене Маглаи.

Тој го осуди денешниот инцидент истакнувајќи оти локалната самоуправа нема да толерира некој во Суботица да се чувствува небезбедно, без оглед на верската и националната припадност.

Маглаи посочи дека очекува сторителите да бидат откриени и процесуирани, додавајќи оти тоа би било порака до сите.

Имамот Селмо Дрековиќ наведе дека безбедносните камери го снимиле палењето на вратата на џамијата и оти снимките ќе бидат предадени на полицијата.

Дрековиќ истакна дека за време на инцидентот заедно со семејството бил на спратот на џамијата, веднаш над запалената врата. Пожарот бил изгаснат за неколку минути.

19.10.2014 - 17:42


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега