Албанецот Моринај го лансирал дронот од купола на црква

Триесет и две годишниот Албанец од Италија Исмаил Моринај на 14. октомври од куполата на црквата Свети Архангел Гаврил го лансирал дронот со знамето на таканаречената "голема Албанија", кој потоа долетал до стадионот на Партизан.

Моринај, кој се занимава со алпинизам и слободно качување, во Србија влегол на 11. октомври, во автомобил со италијански таблици, а отседнал во еден хостел близу стадионот на Партизан, користејќи италијанска лична карта, пренесуваат медиумите.

Моринај веднаш по утакмицата побегнал од Србија, но српската полиција за време на викендот го лоцирала и побарала помош од Интерпол за негово апсење.

Постојат сознанија дека Моринај и братот на албанскиот премиер Олси Рама долго и добро се познаваат и дека двајцата до детали ја испланирале акцијата за внесување на дронот на стадионот за да предизвикаат нереди на утакмицата.

Рама, откако Моринај го довел дронот до стадионот, од ложата ја презел контролата над леталото, најверојатно преку програма која претходно ја инсталирал на својот "ајФон".

 

20.10.2014 - 09:21


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега