Од утре нова цена на бензините во Македонија

Регулаторната Комисија за енергетика денеска треба да ја соопшти новата малопродажна цена на нафтата и бензините. Дали од вторник ќе возиме поскап или поевтин бензин, ќе се знае откако ќе се направат пресметките.

Дизел горивата од пред две денели поевтинија за еден денар по литар, а цената на бензините остана иста.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) изнесува 64,5 денари за литар, а екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ 1) ќе се продава за 53,5 денари за литар. Малопродажнат цена на ЕУРОСУПЕР БС -95 останува 77 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 78,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,091 денари за килограм се намалуви и малопродажната цена на мазутот М1 НС кој сега  чини 38,752 денари за килограм.

20.10.2014 - 09:45


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега