Сите информации за „Купи куќа, купи стан“ на едно место - попусти за корисниците

За прв пат саем посветен на проектот „Купи куќа, купи стан“ ќе се одржи од 24 до 28 октомври во Skopje City Mall.

Од Министерството за финансии соопштуваат дека на едно место граѓаните ќе можат да да ги добијат сите потребни информации и да ги остварат сите контакти за проектот кој дава и до 14.000 евра неповратни средства за купување нов дом.

Посебни повластици и попусти корисниците на проектот ќе добијат од компании за мебел, бела техника и осигурување, кои сакаа да дадат поддршка на иницијативата.

„Купи куќа, купи стан“ е добра шанса, а овој настан е одличен начин да се искористи шансата, велат од Министерството.

20.10.2014 - 10:02


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега