ВИДЕО: Апсењето на градоначалникот на Загреб

Хрватската полиција вчера го уапси градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ на преминот Брегане на границата меѓу Хрватска и Словенија, објави загребскиот портал Индекс.

Според неофицијални извори на кои се повикува порталот, хрватска полиција планирала денеска претпладне да ја спроведе акцијата за апсење на Бандиќ, но тој најверојатно дознал дека „нешто се подготвува“ и решил да ја нашушти Хрватска.    

Во акцијата на полициската управа за борба притов организираниот криминал, покрај Бандиќ се упасени и претседателот на управата на јавното претпријатие „Загребски Холдинг“, Слободан Љубичиќ и сопственикот на компанијата ЦИОС, Петар Припуз. 

Тројцата се осомничени за извршување на повеќе кривични коруптивни дела со кои му нанеле штети на Градот Загреб. 

20.10.2014 - 10:52


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега