Крвав ден: Тетовчанец си го застрелал соселанецот

 

Крвав хорор го потресе Тетово. 32-годишниот Д.У. е осомничен дека вчера со еден проектил од ловечка пушка го застрелал во главата својот соселанец Б.З. (36) околу 10 часот во месноста Превалец во близина на селото. На инцидентот му претходела расправија меѓу застреланиот и таткото на осомничениот, 63-годишниот Е.У. кој избегал од местото на настанот.

Б.З. бил застрелан додека во неговиот автомобил „Југо 55“ бил со друго лице. Веднаш потоа тој со друго возило бил префрлен во тетовската клиничка болница од каде бил препратен на клиниките во Скопје.  

Полицијата заедно со јавен обвинител извршиле увид на местото од вооружениот инцидент при што пронашле два патрони што се подигнати за вештачење, како и автомобилот на застреланиот што исто така е земен за кримтехничка обработка. Бидејќи Д.У. се уште не е пронајден по него ќе биде распишана потрага.

 

20.10.2014 - 11:48


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега