Tито и УДБА криеле тело на вонземјанин ?

 

Видеото и сликите од леталото во облик на диск кое во ноември 1966 година загуби контрола над селото Оточец во Словенија во тогашна Југославија и удри во земја и експлодира го запалија интернетот.

Аутопсијата на посетителот од свемир наводно е направена во белградската Воено медицинска установа ВМА. Од  остатоците од леталото е извлечено телото на вонземјанин , кое било делумно запалено и пренесено веднаш на  ВМА во Белград. Таму е направена обдукцијата.

Aутопсијата ја правеле  хирургот  Андреј  Зоболи и патолозите Никола Јулиќ и Зоран  Федериќ, а целата процедура е снимена. Фотографиите од аутопсијата ги сочувал внукот на еден од лекарите.  

На снимката на обдукцијата се слуша само звукот од камерата  и се гледа како лекарите детално го испитуваат секое делче од телото на вонземјанинот, објави Курир. инфо.рс.

Телото на вонземјанинот наводно го видел и лично Јосип Броз Тито и  и наредил на УДБА  информациите да не ги дознае никој  и тие да се чуваат во најстрога тајност. 

20.10.2014 - 13:51


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега