Кошмарот нема крај: Нова трагедија во семејството на поранешен српски фудбалер

Поранешниот српски фудбалер Саво Милошевиќ се уште не се опоравил од смртта на неговиот татко и брат, а вчера се случи нова трагедија во неговото семејство. За жал, неговиот чичко Д.М (57) загинал вчера попладне во близина на Бијељина откако се превртел тракторот со кој управувал.

Несреќата се случила околу 15.10 часот, а тракторот откако излетал од патот се превртел врз чичкото на Саво Милошевиќ, кој претходно испаднал од него.

Да потсетиме дека пред извесен период неговиот дедо гo уби неговиот татко, а потоа почина во затвор. Нешто подоцна почина и неговиот брат, а смртта на неговиот чичко е трета трагедија во семејството на поранешниот српски репрезентативец за период од само неколку години.

21.10.2014 - 09:58


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега