Солун сака да биде домаќин на натпреварот Србија - Албанија
Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис, предложи фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија, што беше прекинат мината недела во Белград поради инциденти, да се одигра во неговиот град.
Ваквиот предлог градоначалникот Бутарис го доставил до Општинскиот совет на Солун.
За грчката агенција АНА-МПА, Бутарис изјави дека одигрувањето на натпреварот во Солун може да придонесе за намалување на тензиите и воедно за смирување на ситуацијата, со што би се докажал и мултикултурниот каратер на градот.
21.10.2014 - 09:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа