Се изживувал врз жртвата - убиецот на пекарот од Македонија го призна делото

40-годишниот Небојша, убиецот на пекарот од Македонија се изживувал врз жртвата. Како што пренесува српскиот АЛо, тој во полицијата признал дека го направил грозоморното дело. Убиецот признал дека повеќе од 10 пати го прободел со нож Слободан Стојановски откако се скарале за работата.

Обдукцијата покажа дека Стојановски бил боден во градите и грбот. Повреди на рацете немало бидејќи најверојатно не стигнал ни да се одбрани од канџите на убиецот. Не се исклучува можноста и првата убодна рана да била смртоносна.

Обвинетито од порано и е познат на полицијата како сторител на кривични дела. Оние кои го познаваат велат дка бил агресивен, постојано се расправал и често менувал работни места.

21.10.2014 - 10:41


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега