Арсенал прати тројца во притвор -двајца поранешни пратеници на СДСМ добија лисици
Бизнисмени, поранешен началник во Министерството за одбрана, поранешни пратеници од редовите на СДСМ паднаа во полициската акција Арсенал. Осомничени се финансиски малверзации со сервисирање на 6 армиски хеликоптери. За сервисирањето барале превисока цена, а украдените пари ги пуштале во сопствени фирми во Македонија, Кипар, Бугарија, Велика Британија. Институциите немале увид во нивната работа во странство . Осомничени се дека го оштетиле буџетот за 2 678 000 американски долари.
Поранешниот началник од одбрана кој и претходно е осудуван во процесот “тенковски делови” најверојатно ја следел целата ситуација но не преземал ништо за да ги спречи, вели Котевски.
Кривичен суд им одреди притвор на тројца од осомничените , а за останатите мерки на претпазливост, што значи одземени им се личните документи и ќе мора постојано да се јавуваат кај надлежните органи.
Од Министерството за одбрана соопштија дека ја поддржуваат акцијата Арсенал и се отворени за соработка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа