Албанија треба да стане членка на ЕУ пред 2020

Албанија би требало да стане членка на Европската унија пред 2020 година, оцени поранешниот претседател на Еврокомисијата и екс-италијански прмиер Романо Проди, кој престојуваше во дводневна посета на Тирана.

Како што јави АНА-МПА, Порди нагласил дека примеот на Албанија во Унијата ќе обебзеди економска стабилност, додавајќи дека „никој нема да инвестира во иднината, ако земјата не стане членка на ЕУ“.

Според Проди, главен проблем кој мора да го реши Албанија на патот во приближувањето кон ЕУ е почитувањето на правата на малцинствата.

- Политичката елита треба да ги промни перспективите и да ги залечи раните од минатото, дополни Проди, осврнувајќи се на инцидентот на минатонеделниот фудбалски натпревар меѓу Србија и Албанија во Белград.

Според него, провокации и тензии може да има и во иднина, но тие треба да бидат држени под контрола.

- Процесот на придужување на Албанија кон ЕУ треба да мине без тензии, нагласи Проди. 

22.10.2014 - 09:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега