Мотивациски обуки за долгорочно невработени лица

Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски денеска ќе информираат за отпочнувањето на мотивациски обуки за долгорочно невработените лица.

Како што соопшти Министерството, со обуката ќе бидат опфатени лица коишто се евидентирани како невработени повеќе од 10 години и се на возраст од 40 до 49 години, а со цел да се мотивираат за вклучување на пазарот на трудот. 

ФОТО: Влада.мк

најчитано сега