Шест месеци затвор за висок функционер на СДСМ

 

ѓШест месеци затвор за поранешниот раководител на Секторот за имотно-правни и општи работи на Куманово Виктор Божиновски, одлучи денеска скопскиот Основен суд 1, откако тој беше уапсен за примање поткуп-јави Плусинфо.

Божиновски беше уапсен пред дваесетина дена во кумановско кафуле кога го зел поткупот од 400 евра за да му помогне на сограѓанин во постапка за легализација на доградба на куќа, за која имало претходно решение да биде урната, но тој на жртвата и побарал 1.000 евра за да се поништи решението за уривање.

Божиновски важи за всок функционер на СДСМ а беше  рв човек на општинската организација на оваа партија во Куманово. Претходно, полицијата го сомничеше дека изел 100.000 евра во кумановските кафеани, пари на општинското претпијатие водовод Куманово.

22.10.2014 - 23:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега