Бизарно самоубиство во Берово: Си ископал гроб среде куќата и се закопал во него

Си го ископал гробот во семејната куќа под скалите, го затворил со штици и пур пена, а за да не се предомисли во самоубиствената намера и нозете си ги залепил со пур пена, за потоа да испие неколку шишиња со отровна киселина.

policiska-lenta

Самоубиство и самопогреб во Русиново. 31-годишниот Делче, сам си го ископал гробот во семејната куќа под скалите, го затворил со штици и пур пена, а за да не се предомисли во самоубиствената намера и нозете си ги залепил со пур пена, за потоа да испие неколку шишиња со отровна киселина, јави телевизијата Стар.

Ова сведоштво на неговите соседи го потресе Русиново, но пред се неговото семејство, кое четири дена со помош на беровската полиција трагаше по исчезнатиот Делче, не претпоставувајќи дека нивниот син и брат лежи под штиците во дупката под скалите на новата куќа.

Покојниот Делче бил професор по музичко во осмолетката во Русиново, а се шпекулира дека тој се разочарал од неодамнешниот развод со сопругата која ги однела двете малолетни деца со неа.

Од СВР Штип потврдуваат дека се работи за самоубиство, а беззживотното тело на несреќното момче го пронашло семејството вчера доцна попладнето.

24.10.2014 - 11:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега