Сообраќајка во Скопје, се судрија два автомобили, едно лице тешко повредено

Вчера во 12.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано Х.Г.(30) од Тетово и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(57) од Скопје.

Во несреќата Х.Г. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

04.07.2024 - 11:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега