Ништо од трансферот во Вардар- голманот Станиќ го напушта Скопје
Дарко Станиќ по раскинувањето на договорот со Металург е без професионален ангажман, а голманот изјави дека го напушта Скопје со сите свои работи. Шпекулациите дека преминува во Вардар се покажаа како невистинити.
-Се пакувам, го напуштам Скопје, овој пат со сите мои работи, изјави Станиќ за „Спортски Журнал“, а потоа додава:
-Се уште не сум пронашол клуб каде би ја продолжил кариерата, а тоа сега не е толку едноставно со оглед дека е октомври и дека немам право да играм во Лигата на шампионите. Клубовите кои мене ми се интересни, во овој момент не можат да ме ангажираат, вели Станиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа