Започна саемот за „Купи куќа, купи стан“ - сите информации во Скопје Сити Мол
Во Скопје сити мол денеска започнa првиот саем посветен на проектот „Купи куќа, купи стан“, а ќе трае до 28-ми овој месец.
Министерството за финансии, банките, градежните компании, осигурителните компании и компаниите за мебел преку свои штандови директно ги запознаат граѓаните со условите на проектот и понудите што ги нудат.
Градежната компанија Адора Инженеринг се вклучи во владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ затоа што како што истакна директорот Ванчо Чифлиганец, тоа е еден од најповолните проекти за сите заинтересирани страни. Тие досега имаат породено повеќе од 40 станови преку проектот.
-Самиот владин проект „Купи куќа, купи стан“ го раздвижи прометот на недвижностите и на севкупната економија на Р.Македонија. Проектот допринесе цените на становите значително да се намалат. Ние се вклопивме веднаш во проектот со атрективни локации низ Македонија. Од таму истакнуваат дека квалитетот на нивните станови е висок без разлика дали станува збор за стан од проектот или не, истакна Чифлиганец.
И Акционерското дрштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен проестор зема учество на овој проект.
-Ние како Акционерско друштво во повеќе градови нудиме вакви станови кои што влегуваат во оваа категорија на станови. Во Скопје на две локации имаме можност за продажба на вакви станови. Станови подлежат под сите оние услови кои што ги предвидува државата, поточно вградени се сите ИСО стандарди и квалитетот на зградите е во одлична состојба, истакна директорот Цветко Грозданов.
Според информациите од Министерството за финансии граѓаните ќе можат да добијат дури и до 14.000 евра неповратни средства за купување нов дом.
Граѓаните ќе можат да се консултираат со луѓето од Министерството за финансии лично и да се посоветуваат кој модел од проектот најмногу им одговора и кои чекори треба да ги преземат за да аплицираат. Проектот беше промовиран во јануари 2012 година. Досега 331 семејство го решиле станбеното прашање преку овој проект. Граѓаните повеќе се решаваат за купување стан, односно од овие 331 семејство меѓу 270 и 280 се одлучиле за стан.
Проектот продолжува и наредната година. На граѓаните им се нудат два модела - половина рата за купување стан и 75 проценти за изградба на куќа. И вториот модел е учество. Од сите учесници на саемот информираат дека заинтересираноста на граѓаните за истиот е огромна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа