Металург потпиша договори со 31 ракометна школа од Македонија

Во рамките на Академијата Металург каде функционираат овие ракометни школи членуваат вкупно 1.564 деца (машки и женски). Во рамките на Академијата Металург ќе бидат организирани и три тренерски семинари, првиот ќе биде викендов каде предавачи ќе бидат Лино Червар и Гино Стерзовски, а завршниот ќе се одржи во текот на летниот период за време на летниот камп во Охрид, кој ќе биде организиран од страна на РК Металург.
- Образованието и воспитувањето на децата се главното мото на овие тренерски школи. Воедно целта е да произведеме ракометари и ракометарки, репрезентативци со што ќе ја создадеме иднината на нашиот клуб и на ракометот во Македонија, изјави тренерот на РК Металург, Лино Червар.
Во клубот информираа дека во својата 43 годишна историја, работата со младите категории бил важен момент и така ќе продолжи. Првите школи клубот ги имал во основните училишта „Стив Наумов“ и во „Панајот Гиновски“.
24.10.2014 - 18:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа