Директорка од Охрид противзаконски наплаќала за паркинг
Кривична пријава си заработи 32-годишната Милка М. од Охрид поради узурпација на недвижности.
Охриѓанката како управител на „Сузуки МТ“, на шести овој месец со претходна намера зазела туѓа недвижност што со пропис односно одлука на советот на општина Охрид е прогласена за јавен паркинг во сопственост на општината и претставува имот во општа употреба.
Пријавената иако го имала раскинато договорот, сепак најмила 10 лица да работат како паркинг наплатувачи кои ги опремила со 9 фискални апарати. Тие наплатувале за паркинг на улиците во центарот на градот во период од 8 часот и 30 минути до 14 часот и 30 минути.
Со тоа, Милка М. си присвоила 11.450 денари.
ФОТО: А1.он