Бесплатно ќе се возиме во автобус ако 10 дена е загаден воздухот

Како дел од мерките на Град Скопје за заштита од загадувањето се најде и бесплатниот превоз со автобусите на ЈСП, пишува Вечер.

Градот подготвува и проект за забрана на влез на тешки товарни возила на кои крајна дестинација не им е Скопје од 9 до 18 часот, воведување на посебен сообраќаен режим во Град Скопје за патничките возила, со исклучок на специјалните возила со можност за воведување на пар-непар или пренасочување по споредни улици избегнувајќи го центарот.

За да се примени оваа мерка во тек е измена на Законот за безбедност во сообраќајот.

Се предвидува и бесплатен автобуски превоз во услови кога 10 дена ПМ 10 е над 100 микрограми на метар кубен, како и вклучување на повеќе автобуси во услови на мерки од 2 степен.

27.10.2014 - 09:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега