Најсреќниот ден се претвори во трагедија - полицаец пукал во себе на свадбата на синот
Уште еден крвав хорор го потресе регионот откако српскиот полицаец Д.Ш. во сабота во Младеновци случајно пукал во себе си, сакајќи со пиштол да ја прослави свадбата на својот син и да го најави доаѓањето на сватовите.
Тој си пукал во раката од службениот пиштол, а полицијата се сомнева дека метакот се заглавил во пиштолот и нивниот колега несакајќи пукал.
На помош веднаш дошле сватовите, по што повредениот бил пренесен во локалната болница. Тој бил задржан на лекување и ја пропуштил свадбата на својот син.
27.10.2014 - 10:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа